Денешните девојки сакаат да имаат контрола, да одлучуваат, да го видат светот. Како да ги освоите?
На силните и независни жени не им е веќе доволно само да најдат маж којшто ќе ги издржува и кој ќе ги покажува во јавност.
Денешните девојки сакаат да имаат контрола, да одлучуваат, да го видат светот.
И покрај тоа што ги преземаат работите во своите раце, денешите девојки не ја отфрлаат љубовта и сакаат да најдат човек којшто ќе ги сака, почитува и кој ќе стои рамо до рамо со нив и со кого заедно ќе ги делат и убавите и лошите работи во животот.
Мажите често велат дека не е едноставно да се биде во врска со независна жена, бидејќи е многу тешко да се освои и да се задржи. Тие не играат игри, отворени се, не се занимаваат со непотребни работи, но тоа може да биде и многу страшно.
Не е лесно да се освои срцето на независната девојка, но не е и невозможно. Правилата на игра се многу едноставни: Немојте да играте игри. Немојте да ги применувате они закоравени правила на топло-ладно, на исчезнување со недели, затоа што таква жена нема да седи да ве чека. Ќе ви најде замена. Нејзе не и е дојдено до игри и детски незрели постапки.
Премини на следната страна >>