Зошто болат раскинувањата и уништените пријателства?
Бидејќи престануваме да се чувствуваме безбедно.
Во тој момент ги бараме нашите несовршености. Раскинувањата највеќе болат кога ние не ги иницираме. Болат бидејќи не сме подготвени и бидејќи се чувствуваме немоќно.
Кога ние сме причината за раскинувањето, не боли толку многу. Тоа е така бидејќи веќе сме истрчале маратон во нашата глава. Сме размислиле за предностите и слабостите. Мислиме дека ја контролираме ситуацијата и тоа помага многу.
Така е и со пријателствата. Не само со љубовта и врските. Секое прекинување на врската и пријателството кое не е иницирано од нас ни носи празнина и голема болка.
Но, животот продолжува. Луѓето доаѓаат и си одат. Потоа мораме да продолжиме!
Мораме да ја научиме лекцијата. Да се потсетуваме на добрите спомени, но никогаш да не дозволиме да живееме во минатото. Да не дозволиме да не го живееме нашиот живот во сегашноста поради тоа што било некогаш.