Реклама
Кафе муабет

Како е да се биде во депресија?

Реклама

Депресијата може да биде збунувачка. 

depresija1

Една минута сте океј, а веќе во наредната почнувате да се лизгате.

Маркетинг

Станувањето наутро од кревет се чини невозможна мисија, седите во темен молк со часови и го фаќате мозокот како ви лута – сето тоа на крај станува истоштувачки круг кој не престанува.Можеби сте се лизнале поради врска која не излегла како што сте сакале, можеби имате домашни проблеми, вашиот друштвен живот не е таков каков што го замислувате, имате проблем во училиште или факултет или можеби немате поим зошто се чувствувате така.

Без оглед на ситуацијата, тешко е човек да се извади од ситуацијата. Се чувствуваш беспомошно, несигурно, изгубено и збунето. Почнуваш да се чувствуваш дека си ја изгубил насоката во животот. Депресијата прави секогаш да го мислиш најлошото.

Маркетинг

Почнуваш да мислиш дека ништо нема повторно да биде добро.

Не веруваш никому затоа што мислиш дека никој нема да те сфати сериозно. Или можеби се плашиш дека оваа личност да ги дознае твоите мрачни мисли во 2 наутро.

Почнуваш да ги оттурнуваш луѓето за кои највеќе се грижиш, затоа што кога еднаш ќе се лизнеш, се станува премногу и имаш чувство дека веќе не можеш да издржиш и дека не можеш да се справиш со работите.

Се гледаш во огледало и одеднаш се разочаруваш. Не си среќен со ништо во животот и си свој најголем критичар.Среќата станува непозната територија за тебе. Почнуваш да мислиш дека никогаш нема да бидеш среќен.Депресијата е грда и таа е чудовиштето во нашите глави кое ни вели дека не сме доволни. Затоа треба да буткаме назад и да се бориме и да им дозволиме на другите да ни подадат рака за помош.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button