Поради незадоволството од заедничкиот живот, кое што притоа неретко го чувствуваат, кај мажите во средни години е три пати поголем ризикот од смртност.
Едно данско истражување кое што е спроведено врз 9857 мажи и жени, на возраст од 36 до 52 години покажало дека постои повисока стапка на смртност кај мажите кои што се во љубовни врски, во кои што постојат чести кавги, а кои што се притоа предизвикани од страна на жените.
Како што тврдат истражувачите, мажите, за разлика од жените, во текот на целиот свој живот имаат многу помалку личности во својот живот со кои што би можеле искрено да поразговараат и да ги споделат своите грижи и проблеми. За тоа можеби имаат по некој член од фамилијата или пак близок пријател, но мажите речиси никогаш не развараат за тоа. Тоа е и можна причина за зголемената стапка на морталитет помеѓу нив.
„За мажите партнерката е често пати и единствената личност на која што ѝ се доверуваат, а кога таа ќе стане извор на проблеми и нервирања, мажите често запаѓаат во депресија, што секако лошо влијае на нивното здравје“ – велат истражувачите.
Исто така, кога се под стрес, мажите се подложни и на лоша исхрана, се соочуваат со несница а неретко посегнуваат и по алкохол, што исто така го нарушува нивното здравје. Од друга страна пак, жените многу помалку се вознемируваат околу сето ова. Затоа, дами, следен пат потрудете се помалку да зборувате, и сочувајте им го здравјето на вашите мажи!