Реклама
Кафе муабет

Животот е прекраток за да си го губиш времето мразејќи некого

Реклама

Овие животни лекции се напишани од жена која која 18 години сама одгледувала дете, го победила ракот на 41 година и конечно нашла љубов на 45.

zivotbeti1

Според сите стандарди таа постигнала голем успех и импресивна кариера.

Маркетинг

Реџина Брет, двојна добитничка на Пулицеровата награда, стана најпозната со објавувањето на идеите кои ќе ги прочитате подолу.
Прочитајте  ги во продолжение.

1. Животот не е фер, но сепак е добар.
2. Кога се сомневаш, само направи го следниот мал чекор.
3. Животот  е прекраток за да си го губиш времето мразејќи некого.
4. Не се земај себеси премногу сериозно. Никој не го прави тоа.
5. Плаќајте ги своите кредитни картички секој месец.
6. Не мора да бидете победник во секоја кавга. Согласете се да не се согласувате.
7. Плачете заедно со некого. То има полекувачка моќ отколку да плачете сами.
8. Започнете да штедите за пензионирање уште со првата плата.
9. Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден.
10. Помирете се со вашето минато, за да не ви ја уништи сегашноста.
11. Сосема е во ред вашите деца да ве видат како плачете.
12. Не го споредувајте вашиот живот со животот на другите. Немате поим за работите низ кои тие поминуваат.
13. Ако врската треба да биде тајна, не треба да бидете во неа.
14. Се може да се смени дур да трепнете. Но, не се грижете за тоа. Животот е таков и тоа не можете да го промените.
15. Животот е прекраток за долги самосожалувања. Започнете да живеете.
16. Можете да поминете низ се, ако имате трпение денес.
17. Писателот пишува. Ако сакате да бидете писател, пишувајте.
18. Никогаш не е предоцна да имате среќно детство. Но, второто зависи само од вас и од никој друг.
19. Кога станува збор за вашите цели, никогаш не прифаќајте „не“ за одговор.
20. Запалете свеќи, употребувајте ја добрата постелнина, носете убава долна облека. Не ги чувајте за посебни прилики. Денес е добра прилика.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button