Реклама
Модни совети

Изберете идеална бела маица според градбата на вашето тело

Реклама

Обичната бела маица е маст-хев за сечиј плакар.

Фото: Лила Филиповска/ Фејсбук

Маркетинг

Можете да ги носите на безброј начини, се вклопуваат во сите стилови и можете да ги фурате во секоја пригода. Обично не станува збор за нешто што е прескапо, но покрај цената треба да внимавате и околу кројот бидејќи не одговара на секоја девојка ист модел на маица. Главниот збор го има обликот на вашето тело според кој најмногу и ви одговара одреден модел на бела маица. Па во продолжение откријте кој модел на овие маици најдобро одговара на вашата градба, но и неколку одлични предлози за шопинг.

Тесни раменици

Маркетинг

Ако имате тесни раменици најдобро ќе ви стојат најобичните бели маици со мал отвор и без преголема отвор во пределот на вратот.

Asos

Овој таканаречен „crew-neck” модел визуелно ќе ги избалансира вашите пропорции, односно ќе го усклади горниот и долниот дел од телото.

Широки раменици

Ако сте малку пошироки во рамениците, тогаш набавете маица кои се со малку поголеми и подлабоки отвори околу вратот.

Topshop

Покажете слободно дел од вашето раме, или клучната коска, како би создале илузија на поженствена и понежна силуета.

Големи гради

На жените со големи гради најдобро им стојат маици со „V“ израз, но истиот не треба да има длабока форма туку суптилна.

H&M

Исто така треба да ги избегнувате затворените маици кои им се препорачуваат на девојките со тесни раменици.

Мали гради

Mango

Ако сакате да го тргнете вниманието од вашите мали гради, избирајте бели маици со детали на џебовите или натписи на стратешки поставени места, Исто така изберете пошироки модели и секако избегнувајте ги тесните.

Тело со градба на јаболко

Zara

Ако сте со ваква градба, најдобро ќе ви стои бела маица со А крој која паѓа преку торзото и ги покрива сите вашите недостатоци. Ќе ви одговара и модел со крој на ѕвони, но избегнувајте ги оние кои се стеснуваат во долниот дел.

Песочен часовник

Stradivarius

Ако имате тело во форма на песочен часовник, тогаш најверојатно не сакате да ја прекриете вашата женствена фигура и затоа најдобро е да избирате тесни модели. Секако, не треба да купувате маица која ве притиска, туку модел кој совршено ги истакнува вашите облини. Исто така ако купувате бела маица се секој ден избегнувате го длабокото деколте.

Ситна градба

Bershka

Најверојатно многу пати досега во продавниците сте виделе маици кои во предниот долен дел се врзуваат во јазол, а токму тие модели им стојат најдобро на ситните девојки. Исто така во оваа категорија спаѓаат и исечените, кратки маици, а она што треба да избегнувате се туники и долгите маици кои сепак, можете да ги спасите ако им врзете јазол.

 

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button