Шопинг

Ова се најодвратните и најгрдите фармерки што сме ги виделе досега – дали би ги носеле?

Advertisement

Дали некогаш би носеле потполно проѕирни фармерки направени од пластика?

Advertisement

А со што би ги комбинирале?

Познатиот британски бренд лансираше многу необични фармерки кои се направени од проѕирна пластика и со кои предизвикаа поделени коментари на социјалните мрежи. Станува збор за модел кој потсетува на Moto Clear Panel Mom кој имаше пластични делови на колената и кои исто така предизвикаа голема дилема на социјалните мрежи. Но овој па брендот реши да оди чекор понатаму, па сега новите фармерки Moto Clear Plastic Straight Leg Jeans целосно се направени од пластика и можат да се најдат за 100 долари.

Одвратни се – најбизарните фармерки што сме ги виделе досега >>

Advertisement

Moto Clear Panel Mom

„Во овие фармерки кои се совршен избор за летните фестивали сигурни ќе бидете забележани. А ако сте доволно храбри ќе ги носите преку бикини и со јакна со светки“ пишува во описот на производот на ифицијалната интернет страна на брендот.

Но она што не го пишува, а за кое мораме да ве предупредиме е дека и во овој модел ќе ги имате истите проблеми со потење како и со проѕирните пластични чизми какви носеа Кајли Џенер и Ким Кардашијан и за кои веќе ви пишувавме.

По овие одвратни фотографии ќе ви се згади од омилените чизми на сестрите Кардашијан >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button