Пчелата барем во една работа е слична со човекот: Се грижи за иднината.
Пчелата барем во една работа е слична со човекот: Се грижи за иднината. Во добрите времиња работи за лошите денови, а во лето за зима. Но, земете кошница и преместете ја во тропските краеви, каде цела година цвета цвеќе. Таму се случува нешто што секој, кој прв пат слуша, и тоа како ќе се изненади. Пчелите престануваат да работат и веќе не произведуваат мед. Тоа и не е потребно, затоа што не им пречи времето во кое нема цветови. Кога нема грижа за зимата, нема ниту мед! Дајте им на луѓето некоја грижа, и тие ќе се раздвижат. Во нив ќе се разбуди силата и тие ќе преземат нешто. Не вреди да ги оставите младите да растат во благосостојба и да ги ослободите од сѐ што им служи за нивно развивање и создавање сила.