Кралици на невкусот – тие изгледаа најкатастрофално на црвениот килим на Мет Гала!
Тие ни покажаа како не треба да изгледаме на црвениот килим
Една од најпознатите случувања на црвениот килим се случуваат токму на Мет Гала забавата. Оваа година темата беше опусот на дизајнерката Реи Кавакубо (74), жената која што го основаше авангардниот бренд „Comme des Garçons“ но како и секогаш некои ѕвезди воопшто не се придржуваа до зададената тема. Од она што можевме да го видиме е тоа дека трендот со голи фустани се уште е еден од водечките меѓу познатите ѕвезди, и тоа дека бројни убавици воопшто немаат проблем да ги истакнат своите атрибути на црвениот килим. Минимализмот е во мода, но не оној кој би сакале да го видиме туку оној кој игра на самата граница со вулгарноста. Гаќички, танги, голи задници, гради, на Мет Гала забавата наместо опусот на Реи Кавакубо видовме голотија каква немаме видено досега на овој настан. Од друга страна имаше и некои кои дословно ја сфатија темата и толку се труделе околу својот изглед што изгледаа очајно. Па погледнете кои ѕвезди потфрлија оваа година на црвениот килим.
Кендал Џенер во едно од најшокантните изданија досега …
Инаку, најголемата модна ноќ во годината традиционално се одржува во првиот понеделник во мај, во форма на гала свеченост. Тема за оваа година е авангардното творештво на јапонската дизајнерка Реи Кавакубо која креира под брендот Comme des Garçons.
Во организацијата покрај Институтот за костими при Метрополитен музејот, вклучена е и Ана Винтур и Vogue. Уредничката има клучна улога во повеќе сегменти од овој настан, на кој годинава беше домаќинка заедно со Кети Пери, Фарел Вилијамс, Жизел Бундшен и Том Брејди.
Кавакубо, е позната по нејзиниот став за анти-модата и нејзините неконвенционалните поими за убавина, вкус и модата воопшто. Но ова очигледно е естетика и стил во кои голем број познати дами не пливаат баш најдобро.
Бела Хадид во креација од „Alexander Wang“
Кети Пери во Maison Margiela by John Galliano
Кендал Џенер во проѕирна креација од La Perla Collection
Мадона во Moschino
Rita Ora во Marchesa
Што мислите вие?