Реклама
Коса

Следете ги овие упатства за да не ја уништувате вашата коса при пеглањето

Реклама

Многу е тешко да добиете совршено права коса, па пеглата е одличен избор ако немате време да го посетите фризерот.

 

Маркетинг

Многу е тешко да добиете совршено права коса, па пеглата е одличен избор ако немате време да го посетите фризерот. Сепак, постојат некои грешки кои ги прават речиси сите, а треба да ги отфрлите од вашата рутина, со цел косата да ви остане здрава.

Не користите заштитен спреј

Маркетинг

Ако не користите спреј за заштита од топлина, вашата коса брзо ќе ви испука. Затоа, на чиста и сува коса нанесете од заштитниот спреј и така ќе спречите високата температура да ги уништи вашите влакна.

Ја местите пеглата на најниска температура

Иако мислите дека најниската температура не може да ја оштети вашата коса, тоа не е така. Кога ќе ја наместите на највисоката или средна температура, вие не ќе морате повторно да поминувате по истиот прамен, што не би било случај доколку се служите со најниската температура.

Ја влечете пеглата кон надолу

Вака косата ќе ви биде рамна, но безживотна. Наместо тоа, почнете што поблиску до коренот и косата влечете ја настрана, а не надолу. Така ќе додадете волумен на коренот, а остатокот од косата ќе ви биде совршено рамен.

Не користите чешел

Пред да почнете да ја пеглате косата, добро исчешлајте ја, па на овој начин самиот процес ќе биде поедноставен и побрз.

Не ѝ дозволувате на косата да се олади

Топлината ја прави фризурата, но ладниот воздух ја задржува. Наместо веднаш по пеглањето да ја врзете косата во коњско опавче или да користите шноли, дозволете ѝ да се олади, за да остане ладна што подолг период.

Никогаш не ја чистите пеглата

Спрејот за заштита од топлина и други производи кои ги нанесувате на вашата коса, остануваат на самата пегла. За да спречите тие остатоци повторно да се пренесат на вашата коса, имајте навика редовно да ја чистите пеглата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button