Реклама
Кафе муабет

Приказна за животот: Кога ќе го сфатите ова, никогаш повеќе ништо нема да биде исто

Реклама

Понекогаш некои луѓе доаѓаат во вашиот живот, па веднаш чувствувате дека тие се тука со некоја цел, да ве научат на некоја животна лекција, а и да ви помогнат да сфатите кои сте или што сакате.

 1 zhivot

Понекогаш некои луѓе доаѓаат во вашиот живот, па веднаш чувствувате дека тие се тука со некоја цел, да ве научат на некоја животна лекција, а и да ви помогнат да сфатите кои сте или што сакате. Никогаш не можете да знаете кои се тие луѓе. Можеби е вашиот цимер, соработник, долгогодишен пријател, љубовник, или дури и некој целосен странец. Но, кога ќе ја погледнете во очи таа личност, вие веднаш знаете дека таа темелно ќе влијае на вашиот живот. Понекогаш се случува нешто што на почетокот може да ви изгледа страшно, болно и неправедно, но понатаму ќе откриете дека сите тие препреки имале своја цел. Затоа што да не се појавиле, вие никогаш не би ја сфатиле својата сила, својот потенцијал и својата волја.

Маркетинг

Сѐ се случува со причина. Ништо не е случајно. Болест, повреда, љубов… сето тоа се случува за да ги тестирате вашите граници. Без овие мали тестови, вие не би сфатиле кои сте и вашиот живот би бил само една рамна улица која не води никаде. Ако некој ве повреди, изневери или ви го скрши срцето, простете му, затоа што тоа ќе ви ги отвори очите. Ако некој те сака, сакај го безусловно, не затоа што те сака, туку затоа што на некој начин те учи како да сакаш и како да ги отвориш своите чувства. Дозволете си секој ден да ви е важен. Уживајте и сфатете дека ниту еден животен момент никогаш нема да се повтори. Разговарајте со оние со кои никогаш не сте разговарале. Заљубете се, ослободете се и поставете ги високо своите цели.

Држете ја исправено вашата глава, затоа што имате право на тоа. Кажете си на себе дека сте уникатни и верувајте во себе, затоа што ако вие не го правите тоа, не можете да очекувате и другите да веруваат во вас. Можете да го изградите животот по свој вкус и да го живеете во целост, без каење и жалење!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button