Реклама
Кафе муабет

Не е нормално постојано да бидете среќни и позитивни

Реклама

Познат ли ви е притисокот дека постојано треба да бидете позитивни и среќни?

 1 srekja

Познат ли ви е притисокот дека постојано треба да бидете позитивни и среќни? Ако не сте, тогаш друштвото нема да ве прифаќа баш како што сакате… Но, експертите истакнуваат дека тоа не е нормално, ниту пак лесно за одржување. Сосема нормално е да се одржуваат лоши работи. Се смеете ли пред камерата, иако во тој момент воопшто не сте среќни? Колку пати на другите сте им рекле дека сте добро, а всушност внатре во себе се распаѓате? Колку пати сте ги прикривале своите емоции, затоа што тоа не е прифатливо од општеството?

Маркетинг

Експертите велат дека ова се случува често и дека истото може да влијае на вашиот душевен мир. Во денешно време, се чини дека среќата и позитивноста стануваат обврски. На работа, во друштво, или дома со семејството. Сите сакаат да сте среќни или барем да изгледате позитивно. Книгите за самопомош нудат совети како да престанете да се грижите, да се опуштите и да уживате во сегашноста. Денес е нормално без многу размислување, на прашањето „Како си?“ да одговорите со „Супер“, „Одлично“, „Добро“…Но, среќата сама по себе не се наоѓа во сите животни ситуации. Природно е да посакувате среќа, затоа што поради неа се чувствувате добро. Но, вистинската среќа и притисокот да се биде среќен и позитивен, се две сосема различни работи. Животот од време на време знае да биде и трагичен. Луѓе умираат, ги губите оние кои ги сакате, па ако ви е дозволено да ги искажувате само негативните емоции, тогаш никогаш не би живееле во реалноста. Во денешно време, среќата повеќе не претставува чувство, туку „роба“. Веќе одредено време социјалната среќа и успехот на работа се во преден план, како најголема вредност. Но, треба да запаметите дека треба да го прифатите она што не можете да го контролирате. Не е ниту нормално, ниту здраво постојано да се преправате дека сте среќни.

Дозволете им на вашите вистински емоции да стигнат на површината. Негативните чувства не се толку лоши како што другите може да веруваат. И тие, како и сѐ друго, имаат своја цел. Тие ве потсетуваат дека треба да станете похрабри, посилни и да остварувате нови цели. Тие ви помагаат да донесете тешки животни одлуки и да продолжите понатаму. Па, следниот пат кога ќе почувствувате тага, стрес или несигурност, обидете се од тоа да ја извлечете најголемата корист. Запрашајте се зошто токму во тој момент ви се случуваат тие работи. Проучувајте ги емоциите. Размислувајте за нив. Доживејте ги!

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button