Шминка

Монохроматска шминка: Сѐ што ви е потребно за наредните сезони

Advertisement

Не е непознато дека монохроматскиот изглед е тренд кој веќе долго време е популарен, но најчесто се подразбира дека се однесува на модата, а не на шминката.

 1 nude2

Advertisement

Не е непознато дека монохроматскиот изглед е тренд кој веќе долго време е популарен, но најчесто се подразбира дека се однесува на модата, а не на шминката. Но, сега тоа се менува. Од разните парчиња облека, монохроматскиот тренд се пренесува и на начинот на шминкање, кој оваа сезона е еден од најпосакуваните. Всушност, овој начин на шминкање подразбира да имате ист тон на шминка на усните, очните капаци, лицето…

Најпопуларни бои за монохроматски начин на шминкање се нијансите на кајсија, розова и nude нијанси, но и сите бордо и кафеави тонови кои се користат кога сакате да имате понагласена шминка и повпечатлив изглед.

Advertisement

1 nude1

Овој тренд не е прифатен само од страна на девојките кои обожаваат да ја следат модата и најновите случувања, туку и од познатите личности и девојките кои немаат навика да ги следат трендовите.

1 nude

Имено, овој тренд бил популарен во текот на осумдесеттите години од минатиот век, кога девојките и во текот на денот носеле „агресивна“ шминка, па комбинирале исти бои на усните, очите и образите. Па, слободно може да се каже дека монохроматскиот начин на шминкање е еден од најголемите хитови во сезоните кои следуваат!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button