Реклама
Хороскоп

Жените родени во знакот Бик се посебни и неверојатни!

Реклама

Жените Бикови одбегнуваат да го покажуваат нивниот темперамент, бидејќи во животот се стремат кон рамнотежа и сигурност.

zenabik2

Ја сакаат природата, но не се авантуристи и не преземаат ризици, бидејќи не знаат да се носат со неочекуваните промени. Подобро функционираат во рутина и едноличност. И покрај тоа, тие брзо учат од животните искуства и никогаш не ги повторуваат истите грешки од минатото. Во продолжение дознајте сѐ за жените родени во овој моќен хороскопски знак…

Маркетинг

Одлучни, упорни, доследни, реалистични, стабилни, бекомпромисни, своеглави, издржливи, толерантни, одговорни, грижливи, способни, силни, шармантни и фокусирани. Сите овие епитети ги опишуваат женските Бикови! Сепак, нивната најголема сила лежи во двата победнички квалитети што ги поседуваат, а тоа се чувствителноста и трпеливоста. Жените Бикови се мирни, но тоа не значи дека се наивни. Тие имаат цврсто мислење за сѐ што се случува околу нив, а ако некој ги премине границите, ќе го разбуди нивниот огнен темперамент.

Хороскопски знаци кои имаат најмногу среќа во животот>>>

Маркетинг

Во љубовта никогаш не изневеруваат и секогаш најпрво добро го запознаваат партнерот пред да се впуштат во сериозна врска. Мажите кои сакаат ја освојат жената Бик мора постојано да ѝ се додворуваат и да ја заведуваат. Тој што ќе успее да дојде до нејзиното срце, ќе добие многу, бидејќи припадничките на овој знак се многу грижливи и подготвени се да направат сѐ за љубовта, но и за своите партнери. Токму и затоа тие кои имале можност да имаат жена Бик покрај себе ја опишуваат како волшебна љубовница.

Жените Бикови честопати ги изненадуваат партнерите со нивната виртуозност во креветот. Тие се страсни и нежни. Го разгалуваат партнерот во спалната соба, но и надвор од неа. Љубовните игри сакаат да ги зачинат со секси разговори и лукаво заведување. Во љубовта најмногу се сложуваат со Раковите, Девиците, Јарците и Рибите.

Не постои сомнеж дека жените Бикови се навистина посебни и неверојатни!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button