Познатата пејачка Мараја Кери повторно покажа дека е скарана со модата.
Нејзините вулгарни модни комбинации се сведуваат на деколте до папокот и тесни фустани какви повеќе не носат ни девојки кои се двојно помлади од неа. Дека тоа е така покажува и најновите фотографии со познатата пејачка направени во Малибу, а за да ви го доловиме во целост кошмарот наречен стилот на Мараја Кери ќе ви претставиме и неколку други комбинации кои едноставно немаат никаква врска со добриот изглед.
Мараја е позната како пејачка со одлични вокални способности, но кога е модата во прашање, тогаш ситуацијата е критична. Она на што се држи оваа жена верно како пијан за стап е вулгарниот стил, кој во преден план секогаш го наметнува нејзиното бујно деколте.
Тешко дека некогаш ќе ја видите закопчана до грло. Единствената светла точка во нејзиниот изглед е тоа што изгледа самоуверено и кога варира со килограмите, како и тоа што без комплекси ги носи кратките (и претесни) фустани како на сцена, така и надвор од неа.
Но она што не можеме да си го објасниме е тоа како една од најбогатите пејачки на светот која може да си го дозволи најдобриот тим стилисти и најубавите модели успева секој пат да изгледа олку невкусно и крајно вулгарно, и пред се, од каде успева да ги пронајде овие чудни и необични креации кои не се во мода минимум веќе 15 години?!
Па, ве предизвикуваме да ја отворете галеријата и да ги погледнете и другите комбинации кои се дел од бесконечната листа со најлошите стајлинзи на Мараја.
види повеќе » |