Кога Меланија би доживеала страшна сообраќајка, Трамп би ја сакал и понатаму, но само ако нејзините гради останат недопрени?!
Шест месеци по венчавката, Меланија Трамп на 35 годишна возраст остана бремена со Барон и тоа дополнително ги усложни работите.
Како што пренесуваат некои американски медиуми, Трамп тогаш му кажал на својот пријател Ховард Стерн дека неговата сопруга повеќе не е во цутот на младоста. За детето се согласил само под еден услов – таа морала да му вети дека по раѓањето на синот се’ ќе се врати по старо, и дека детето нема ништо да смени.
Што мислите, дали овој фустан на Mеланија е непримерен?
„Тоа беше дословно како да потпишале договор“ вели друг извор додавајќи дека Трамп кон Меланија за време на нејзината бременост се однесувал грдо. „Никогаш ја нема прашано како се чувствува, не и ги отворал вратите ниту пак ја придржувал да не падне. Целото време кон Меланија се однесувал во стилот – ти го сакаше тоа дете.“ вели изворот.
Магазинот Marie Claire пак пишува за еден друг грд настан од нивниот брак. Наводно Трамп во разговор со еден пријател еднаш изјавил дека кога Меланија би доживеала страшна сообраќајна несреќа, тој и понатаму би ја сакал само ако нејзините гради останат недопрени. Кога започна кампањата во медиумите се јавија жени кои го обвинија за сексуално злоставување, а Меланија и тогаш застана покрај него бранејќи го во јавноста.
Меланија го скрати фустанот за да се пофали со новите лобутинки >>
Единствената светла точка во нејзиниот живот, ако можеме да им веруваме на медиумите што пишуваат против Доналд Трамп, е 11 годишниот син Барон. Нив двајцата наводно најчесто разговараат на словенски, односно на нејзиниот мајчин јазик. И додека во официјалното соопштение е најавено дека тие двајцата ќе се преселат во Белата куќа штом Барон заврши со училиштето, прашање е дали навистина ќе се случи тоа бидејќи се уште никој од протоколот во Белата куќа нема најавено во кое училиште ќе се запише малиот Барон.
{youtube}Ei1mmQlmqlo{/youtube}
Од друга страна пак, нешто потполно различно за Доналд како сопруг зборува неговата поранешна дадилка која непосредно пред својата смрт, имаше интервју во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, а кое можете целосно да го погледнете тука.