Реклама
Шминка

5 грешки при шминкањето поради кои изгледате уморно

Реклама

Сите сакаат да изгледаат свежо и прекрасно, а во тоа често ви помага и шминката.

 

Маркетинг

Сите сакаат да изгледаат свежо и прекрасно, а во тоа често ви помага и шминката. Меѓутоа, треба да бидете внимателни при нејзиното нанесување и да избегнувате некои грешки поради кои изгледате уморно. Ви ги откриваме петте најчести грешки кои жените ги прават со шминката, а кои на лицето не му даваат свеж и природен изглед.

1. Не ја хидрирате кожата пред да нанесете шминка

Маркетинг

Сувата или испукана кожа тешко ја поднесува шминката. Затоа, никогаш не заборавајте добро да ја хидрирате вашата кожа со крем кој ви одговара.

2. Не нанесувате доволно подлога

Многу жени сакајќи да постигнат што поприроден изглед, штедат при нанесување на подлогата, но тоа е голема грешка. Ако целосно го прескокнувате овој чекор, на крајот можете да изгледате уморно.

3. Не ставате руменило

За да го избегнете досадниот и безживотен изглед во својата рутина на шминкање, задолжително користете руменило. зашто тоа ќе му даде свежина на вашето лице.

4. Претерувате со тушот за очи

Кога нанесувате премногу туш, вашите очи изгледаат помали и така оставате впечаток дека сте уморни.

5. Не ја освежувате шминката во текот на денот

Не заборавајте повремено да украдете некоја минута во текот на денот, за да ја поправите својата шминка. Избришете ги трагите од маскара, нанесете малку коректор, средете ги веѓите и веднаш ќе изгледате подобро.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button