Блејк Лавли и нејзиниот зелен комбинезон се моден погодок за оваа недела!
Оваа русокоса важи за една од најдобро облечените холивудски ѕвезди
Блејк Лавли (29)и покрај деловните и семејните обврски (таа е мајка на две ќерки) секогаш изгледа беспрекорно. Ништо поинаку не беше и кога се појави на ручекот на Variety’s Power of Women кога ги воодушеви сите со зелениот комбинезон на едно раме од колекцијата на „Brandon Maxwell“ за есен 2017. Блејк го носеше со елегантно болеро со долги ракави.
Најубавите фустани во весели (про)летни бои >>
Но покрај одличниот моден избор, Блејк вниманието на медиумите го привлече и поради тоа што „полуде“ поради прашањето на една новинарка која ја праша токму за облеката што ја носи. „Па ви се мола, зарем денес треба да зборуваме за облека? А да зборуваме за правата на жените? Облека? А дали мажите би ги прашале тоа? Не, не би. Жал ми е.“ и одговори на прашањето но со насмевка на нејзиното лице. По се изгледа дека на Блејк и здосадија прашањата за облеката, а ниту едно за придонесот што го дава за правата на жените кое меѓу другото го прави и заради иднината на своите две ќерки. Токму поради тоа неодамна учествуваше и на Woman’s March во Њујорк, а многу е активна и во сузбивањето на детската порнографија.
Но некако новинарите и жените ги интересира и она што таа го носи, а тоа е така уште од времето на популарната серија Gossip Girl каде што го играше еден од главните женски ликови когa вниманието го привлекуваше и поради модните парчиња што ги носеше.