Шминка

Корисни совети како треба да нанесете руменило

Advertisement

Многу жени го избегнуваат ставањето руменило, кое пак е тајно оружје за прекрасен изглед.

 

Advertisement

Многу жени го избегнуваат ставањето руменило, кое пак е тајно оружје за прекрасен изглед. За здрава и природна боја, ништо не е подобро од него. Сепак, некои пак имаат навика и да претеруваат. За да избегнете да изгледате како кловн, прочитајте ги овие неколку упатства како правило да ја изберете нијансата и да го нанесете.

Колку подолго, толку подобро – тренд кој е популарен, но само меѓу славните девојки >>

1. Најпрво е важно да изберете руменило со помош на природната боја на вашата кожа. Трикот е да пронајдете боја на руменило која е иста како бојата на вашите образи кога се вцрвенуваат од вежбање или кога сте биле излезени на ладно. За брз тест, малку удрете се по образите и бојата која ќе се појави користете ја како водич (ова е најдобро да го правите сами дома).

Advertisement

2. Кога ќе ја одберете бојата, изберете ја вистинската формула на руменило за вашиот тип кожа. Пудрата е добра за масна и комбинирана кожа. Кремот е одличен за сува кожа. Течниот и гел руменилото се исто така добри за масна кожа.

За уште подобри резултати, комбинирајте крем и пудра.

3. Нанесете подлога, средете ги очите и нанесете кармин. Нанесувањето руменило обично е една од последните работи кои се прават. Меѓутоа, комбинирајте и пронајдете што е најдобро за вас. Многу експерти ставаат руменило пред подлогата, за поприроден изглед.

4. Користете професионална четка за руменило, но не истата со која нанесувате пудра.

5. Ставете руменило на четката и протресете ја за да го отстраните вишокот.

6. Гледајте се во огледалото и насмејте се. Ова ви помага за подобро да ја откриете областа за нанесување руменило. Внимавајте бојата да биде природна и изедначена.

Три бои на коса кои ќе бидат хит оваа пролетна сезона >>

7. Ако сте претерале со руменилото, ставете малку пудра преку него, а ако користите крем, отстранете ја бојата со помош на марамчиња.

8. Завршете ја шминката и ќе бидете подготвени за освојување погледи!

Како да го изберете вистинското руменило за вас?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button