Малите црни фустани ни се едни од омилените.
Но тоа не значи дека не ги сакаме и другите мали фустани, особено во овој период од годината. Да оваа пролетна сезона покрај малиот црн фустан (кој ни е еден од најдобрите пријатели во плакарите) во центарот на вниманието ни се и моделите со овој крој, но во бела боја! Благодарение на нивната едноставност и елеганција лесно можеме да ги прилагодиме во секоја пригода, без разлика дали станува збор за прошетка низ град, пикник во парк, журкање на некој добар музички фестивал или вечерно излегување на некое отмено и елегантно место. Оваа сезона во мода се моделите со асиметрични кроеви, раскошни карнери, стејтмент ракави и спуштени раменици како и моделите кои потсетуваат на обични кошули или маици.
Па, погледнете ги најдобрите мали бели фустани во галеријата што следува и изберете го оној што одговара најмногу на вашиот стил.
види повеќе » |