Прво ги шокираше сите со најодвратната диета на светот, а потоа следуваше ова
Неодамна се пофали дека изгуби неколку килограми (на најодвратниот можен начин), па сега не престанува да носи тесни парчиња.
Ким Кардашијан најпрво во шега на Твитер напиша дека изгубила 3 килограми поради грип поради што беше критикувана од обожавателите, а потоа се прошета во тесни хеланки во боја на кожа и во (пре)краток топ како би се пофалила со новата линија.
Па откако се таквата комбинација го привлече интересот на медиумите и повторно се најде во центарот на вниманието најпознатата старлета на светот реши повторно да заигра на истата карта. Овој пат во прашање е свилен градник сo кој поносно ги истакна нејзините бујни гради, бермуди со детали од тантела (кои повеќе личат на парчиња наменети за во спалната соба или за некој еротски филм!) и тесна блуза за која можеме да кажеме дека служи само како маска која треба да го прекрие фактот дека е во долна облака.
Но, оваа комбинација покрај тоа што покажува дека Ким повторно е во топ форма, недвосмислено зборува и за тоа дека старлетата е скарана со добриот стил.
ОK, тренерките се во мода, но Kим Kардашијан ни покажа како не треба да ги носиме >>
Што мислите вие?