Кафе муабет

Навики на успешните луѓе

Advertisement

Животот е една огромна скала каде секој чекор претставува некаков ризик.

rabota1
Со правење на секој следен чекор, ние или се качуваме скалило погоре или се симнуваме скалило подолу. Иронијата е што никогаш не можеме да предвидиме во која насока ќе нé однесе тој чекор. Тогаш сме несигурни и не знаеме што да правиме, размислувајќи што ќе се случи ако го преземеме ризикот, какви последици ќе има на нас и нашиот живот.

Advertisement

Но во тие моменти треба да си поставиме само едно прашање: „Дали по некое време ќе жалам доколку не го направам овој чекор?“

Кога едно обично здраво може да доведе до прекрасно пријателство

Пријателство, љубовна врска, бизнис конекции, нови авантури на секое поле… Убавите зборови кои ќе му ги упатите на авторот кој напишал нешто што ве заинтригирало и/или воодушевило можат да направат магија. Луѓето сакаат да прочитаат дека некому му се допаднало тоа што го напишале, сакаат да слушнат предлози и идеи, сакаат да комуницираат со луѓе полни со ентузијазам, желба и заинтересираност. А таа личност може да бидете вие.
А сега замислете го сценариото во кое не го напишавте тој имејл. Обратете им се на луѓето кои некако влијаеле на вас. Неколку зборови може да ве однесат далеку, а да не сте ни свесни за тоа.

Advertisement

Парите не се сé

Иако живееме во општество каде парите играат огромна улога во сечиј живот, некогаш, тоа што самата работа го носи со себе значи многу повеќе од малкуте пари кои би ги добиле работејќи ја. Не само што ќе правите нешто што го сакате и ќе стекнувате искуство во тоа, туку ќе бидете и неверојатно исполнети со себе поради фактот дека правите нешто од чисто задоволство и љубов кон тоа. Тоа може да биде некаков проект од областа на вашите интереси, од она што најмногу го сакате или пак може да биде пишување за некое списание бидејќи сакате да пишувате и имате што да кажете, може да биде волонтирање во некоја програма за деца бидејќи ве бидува за тоа и имате да подарите огромно количество љубов.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button