Девиците се независни луѓе кои умеат сами да си ги завршат своите работи.
Често се самоанализираат и понекогаш имаат тешкотија да пронајдат мотивација. Поради тоа, потребен им е некој кој ќе им вели да не бидат толку строги спрема себе и ќе ги охрабрува да успеат во своите цели.
Вистински пријатели
Нема да најдете полојална личност од Девицата. Тие го сфаќаат пријателството многу сериозно и никогаш не би направиле нешто што може да го загрози. Секогаш ќе застанат на ваша страна, дури и да сте погрешиле. А доколку забележат дека нивното присуство е навистина неопходно, тие ќе бидат до вас дури и да сте на другиот крај од земјата.
Поседуваат добро срце
Никогаш нема да забележите дека се збунети и дека не знаат што да прават, иако тие можеби навистина така се чувствуваат. Девиците секогаш се насмеани кога запознаваат некоја нова личност, бидејќи сакаат да остават добар впечаток.
Деталисти се и кога станува збор на хигиената
Можете да бидете сигурни дека садовите секогаш ќе бидат измиени и тоа без вообичаените расправии кој да го направи тоа. Вие додека се карате кој бил на ред, Девицата веќе ја средила кујната без никаков приговор.