Како да најдам некој кој може да излезе на крај со мене?
Без оглед на тоа дали врската била совршена или била вистински кошмар, чувството на загуба е втиснато во човечката психа и често е поврзана со болката и депресијата.
Меѓутоа, ако малку подобро погледнете, можете да видите дека овие чувства немаат никаква врска со вашите бивши партнери. Тука не станува збор за чувствата кои сте ги споделувале, туку исклучиво за вашата благосостојба, а штом запознаете некој нив, стравовите моментално ќе исчезнат.
Проблеми
Многу луѓе, често и несвесно, ги користат своите врски за да ги прикријат проблемите во своите животи. Какви и да се изворите на тие проблеми: од лош однос со родителите или некој друг член на семејството, до проблеми на работа или со пријателите, тие лесно држат под контрола додека врската е добра. Секако дека се се руши по раскинувањето, а кога повеќе немате каде да побегнете, сите нерешени проблеми почнуваат да излегуваат на површина. Можете да забележите дека и ова не е директно поврзано со вашиот некогашен партнер.
Его
Кога ќе раскинете, односно кога ќе ви раскинат, најчесто страда вашето его. Сосема е разбирливо дека е тешко да не се биде повреден кога некој ќе ви стави до знаење дека повеќе не ве сака. Рака под рака со егото страда и вашата самодоверба и се будат многу несигурности. Тогаш е најважно да сфатите дека вашата вредност не ја дефинираат луѓето околу вас. Ако некој не сака да биде дел од вашиот живот, тогаш тоа е негов пропуст, а не ваш проблем.
Премини на следната страна >>