Брза и лесна торта која сигурно ќе ја обожавате!
Брза и лесна торта која сигурно ќе ја обожавате! Потребни состојки за нејзина подготовка:
– Едно пакување готови кори
– Едно пакетче малини (300 грама)
– 150 грама печени мелени лешници
– 100 грама бело чоколадо
– 400 грама шлаг
– 1 маргарин
– 4 кесички пудинг со вкус на слатка павлака
– 10 лажици шеќер
– 100 грама прав шеќер
Начин на подготовка:
Ставете го на оган филот од млеко со шеќер, па кога ќе зоврие, додајте 4 пудинга. Кога ќе се олади смесата, изматете го маргаринот со шеќерот во прав и стопете го белото чоколадо, па потоа сето тоа добро соединете го. Посебно изматете 200 грама шлаг и филувајте ја тортата според следниов редослед: Кори-фил-мелени лешници-шлаг и така по ред, а на половина торта ставете малини, па потоа продолжете со нанесувањето на филот. Изматете ја преостанатата количина шлаг и премачкајте ја целата торта одоколу и од страна.