Кафе муабет

Поучна приказна за гордиот млад човек

Advertisement

Некој древен мудрец помеѓу другите ученици имал и еден горд млад човек кој поради еден грд збор бил спремен да се тепа до смрт.

 gord

Advertisement

Некој древен мудрец помеѓу другите ученици имал и еден горд млад човек кој поради еден грд збор бил спремен да се тепа до смрт. За да го излечи од гордоста, мудрецот му рекол да оди три години низ светот и да му плаќа на секој кој би сакал да го навреди со зборови. Младичот се покорил пред оваа заповед на својот учител и тргнал по светот.

Кога поминале три години, тој се вратил кај својот учител. Но, пред да влезе, на портата го пречекал чуварот кој бил изнервиран од нешто сосема друго, но го навредил младиот човек. Но, тогаш тој наместо да се налути, слатко се изнасмеал.

Зачуден, чуварот го прашал: Зошто се смееш?

Advertisement

А тогаш младиот човек одговорил: Три години им плаќам на оние кои и малку ме навредиле, а еве сега ти бесплатно ме навреди повеќе од кој било друг.

Кога мудрецот го слушнал ова, се израдувал и го пофалил ученикот пред сите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button