Евтино и брзо средете ги вашите веѓи со помош на конец
Отстранувањето на влакната на веѓите со помош на конец е техника од Азија која станува сѐ повеќе популарна и многу експерти за шминкање го користат токму овој начин.
Отстранувањето на влакната на веѓите со помош на конец е техника од Азија која станува сѐ повеќе популарна и многу експерти за шминкање го користат токму овој начин. За негово изведување се користи памучен конец кој се замотува околу секое поединечно влакно, а потоа влакното се извлекува од коренот.
Оваа постапка најчесто се користи за веѓите и областа над усните. Ова е брза и евтина услуга, но препорачливо е да биде изведувана од некој професионалец.
Пред да се почне со изведување на оваа техника, обезбедете си:
– Конец
– Дрвен молив
– Неколку коцки лед
Како да ги отстранете влакната на веѓите со помош на конец
1. Прво исечете малку конец со должина од околу 15-20 сантиметри, а ова зависи од тоа колку ви се долги прстите, затоа што не е добро конецот да биде ниту премногу долг, ниту премногу краток. Спојте ги краевите на конците и насочете се кон различните краеви на конецот, додека јазот во средината се лизга. Со моливче исцртајте го посакуваниот облик на веѓи. Ако кожата ви е чувствителна, тогаш ставете малку лед.
2. Со десната рака свијте ја едната страна на конецот 6 пати, водејќи сметка јазот да не биде токму на средината, туку малку повеќе кон десната страна. Со левата рака силно држете го конецот, затоа што треба да биде затегнат.
3. Вежбајте да ги отворате прстите со едната рака додека во истиот момент ги затворате другите прсти и тоа што побрзо, како ножици. Делот во средината ќе ги влече непотребните влакна.
4. Рацете ставете ги на лицето под веѓите, поместувајќи ги показалецот и палецот од едната и другата рака така што јазот ќе ги отстранува влакната.
5. Затворете ја раката, односно прстите кои го контролираат триаголникот, додека ја отворате другата. Водете сметка за тоа конецот да ја допира кожата додека вие што побргу ја отворате и ја затворате дланката.
{youtube}30m77PXriBU{/youtube}
Најважно е да вежбате што е можно повеќе за правилно да ја изедувате оваа техника. За жените кои сакаат природно да се негуваат, овој метод е вистинскиот за нив!