Боја кој важи за еден од најголемите трендови
Не знаеме дали е виновен ефектот од познатиот филм La La Land или Бијонсе во нејзиниот спот за песната Hold Up со кој уште од пред година дена не маѓепса со преубавата креација од Кавали, но факт е дека фустаните во жолта боја и оваа пролет се вистински хит.
Ема Стоун во жолт фустан танцуваше до својот прв Оскар…
A нејзината истоимена колешка и актерка Ема Вотсон ја оживеа принцезата Бела од бајките во прекрасен фустан за бал во иста боја.
Бијонсе ни покажа како да ја носиме бојата која е хит оваа сезона >>
Но прекрасната Бела од „Убавицата и ѕверот“ во вистинскиот живот ја одглуми Лесли Ман на доделувањето на Оскарите, додека на црвениот килим на Златниот глобус својот бремен стомак во преубав жолт фустан го покажа и Наталија Портман.
Најубавите фустани во весели (про)летни бои >>
Жолтата боја беше хит и минатата пролетна сезона кога модните дизајнери преферираа ефектни парчиња со необичен дезени и кроеви. Жолтите фустани и годинава беа хит на модните писти, а нам посебно ни се допадна преубавиот фустан со карнери од Chloé.
Еве кои бои и трендови ќе ги носиме оваа пролет >>
На оваа боја не може да им одолеат ни на ИТ девојките од Модните недели па таа беше сеприсутна и во нивните street style галерии.
Но и на нивните Инстаграм профили …
Од преубави парчиња во шик сончеви нијанси, до популарната сенф боја отворете ја галеријата што следува, изберете фустан во нијанса која најдобро одговара на вашиот тен и тргнете во пролетно освојување на модните врвови.
види повеќе » |