Кафе муабет

Не ти фали твојот бивш партнер, тебе ти фали љубов!

Advertisement

Мислиш дека ти недостига тој?

 ljubov

Advertisement

Мислиш дека ти недостига тој? Мислиш дека ти недостига начинот на кој те држел за раката во летните месец или начинот на кој си се смеела со него во зимските месеци? Или како го изговарал твоето име? Не, вистината е дека тебе ти недостига љубов. Не ти недостига неговата рака, туку ти недостига рака кој ќе те смирува. Не ти недостигаат неговите усни, туку усни кои ќе можеш да ги бакнуваш.

Не ти недостига начинот на кој те тешел кога си била ранлива, тебе ти недостига некој да биде секогаш до тебе. Ти недостига љубов која никогаш нема да те изневери. Ти недостига доверба. Некој на кој ќе можеш да му ги кажеш своите тајни и желби, а тој некој ќе те слуша и ќе ти дава совети.

Тебе ти недостига некој на кој ќе можеш да се потпреш кога ќе ти затреба. А не некој кој ќе побегне уште при првата пречка. Не мешај ја својата осаменост со тој недостиг. Не може да ти недостига некој кој сега за тебе е само странец. Дух од минатото. Спомен. Оваа празнина која ја чувствуваш не е поради неговата отсутност. Тоа е само отсуство на љубов. Чувство за нечија близина. За некој на кој ќе можеш да му ги кажеш и своите најдлабоки стравови, а тој некој да те заштити, да те смири и да биде покрај тебе.

Advertisement

Всушност, тебе ти недостига некој кој ќе можеш да го сакаш. Твојот бивш сега е далеку и повеќе не е личност која ја сакаш. Ниту ти не си истата личност од минатото. Луѓето се менуваат од една минута во друга, од еден ден во друг. Затоа што секое ново утро носи нешто поразлично. Па, прифати дека тој не е личноста што ја сакаш, зашто во спротивно не би бил бивши. Тебе само ти е потребна љубов. Имаш желба да бидеш обожавана и во тоа нема ништо лошо. Нема ништо лошо во тоа да бараш љубов.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button