Шминка

Погледнете како да го скриете подбрадокот со помош на шминка и облека

Advertisement

Стареењето е нормален природен процес кој не можете да го избегнете, но можете да го одложите.

 

Advertisement

Стареењето е нормален природен процес кој не можете да го избегнете, но можете да го одложите. Здравата и урамнотежена исхрана, активниот начин на живот и чувањето од прекумерно изложување на сонце, е еден начин за да си осигурите прекрасна кожа со што помалку брчки. Но, дали сте знаеле дека подбрадокот можете да го сокриете и со помош на шминката, облеката но и фризурата? Ако научите како да го правите ова, вие ќе го намалите бројот на годините кои ги имате и ќе се чувствувате многу подобро.

Вистинската фризура е важна доколку сакате да сокриете некои недостатоци на вашето лице. Нема да погрешите ако се одлучите за средна должина на косата. Најдобра фризура е боб фризурата чијашто должина е под брадата. Избегнувајте долга и рамно сечена коса. Ако сакате долга коса, тогаш најдобро е да побарате од вашиот фризер да ви направи степен на косата.

Совети за отстранување на шминката кои ќе ви бидат од голема корист >>

Advertisement

Подбрадокот можете да го сокриете и со помош на бронзер кој е совршен за вашето лице, затоа што му ја дава потребната свежина. Тој мора да биде неколку нијанси потемен од пудрата. Најдобро е да го нанесете со помош на дебела четка.

Освен со бронзерот, можете да се послужите и со руменило. Со помош на руменилото ќе ги истакнете јаболкниците, а со моливче и туш ќе ги истакнете очите кои ќе изгледаат поголеми отколку што се. На овој начин ќе го отстраните вниманието од брадата.

Погледнете која боја на сенка е најбарана за венчавка >>

Избегнувајте ролки, маици и кошули кои се закопчуваат до грлото, затоа што на овој начин ќе го избегнете истакнувањето на брадата. Ако сакате да носите накит, никогаш не ставајте ѓердан кој е залепен за вратот, затоа што на овој начин само уште повеќе ќе го истакнете подбрадокот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button