„Чувствувам“ е клучниот збор за Раковите и тоа е многу очигледно кога е во прашање љубовта.
Нежни и грижливи, Раковите ќе ја покажат својата чувствителност без трошка размислување. За партнери бираат личности кои се во можност да ги разберат. Површни или преамбициозни партнери не се добродојдени во животот на овој знак.
За да ги преживеат кризните моменти предизвикани од загубата на партнерот, често бегаат во минатото, во периодот кога се чувствувале сакани и сигурни или користејќи исклучително бујна фантазија ќе додадат боја на сивилото.
Чувствата на родените во хороскопски знак Рак се исклучително силни, а кога станува збор за семејството и домот – за нив не постои ништо поважно од тоа. Сочувствителни и емпатични, Раковите се многу приврзани за луѓето кои ги опкружуваат. За личностите родени во овој знак, лојалноста е најважното нешто во нивните односи.