Убавата адвокатка и сопруга на познатиот актер Џорџ Клуни има една тајна кога се во прашање нејзините совршени модни комбинации.
Нејзините најдобри стајлинзи до сега се направени од винтиџ парчиња.
Тоа можевме да го видиме на премиерата на филмот „Hail, Caesar“ во Германија кога се појави во преубавиот фустан од Yves Saint Laurent од 1981 година.
Но ни овие винтиџ фустани воопшто не се со поволни цени, така што нејзиниот плакар најверојатно е еден од најскапите меѓу познатите дами.
Госпоѓа Клуни откако дозна дека е бремена и дека очекува близнаци им даде предност и модно се инспирираше од винтиџ моделите. Таа сега избира пошироки фустани со А крој, а последните винтиџ модели што ги носеше доаѓаат од нејзината омилена продавница William Vintage која е преполна со преубави стари дизајнерски парчиња.
Бремената Aмал изгледа неодоливо во овој фустан од Диор од 1972 година >>
Па така Амал заблеска и неодамна кога се прошета во црвениот фустан од haute couture колекцијата на модната куќа Dior од 1972 година кој го носеше со преубав беж капут од „Balmain“ кој е уште постар и доаѓа од 1965 година.
Пред тоа во Париз носеше бела комбинација зачинета со црни кожени детали која датира од дамнешната 1965 година. Идеална трудничка комбинација носеше и кога се обрати во седиштето на ОН во Њујорк. Таа тогаш носеше тесен фустан од 90-тите кој е набран во пределот на стомакот и кој за „Christian Dior“ го дизајнираше генијалниот Џон Галијано.
Но оттогаш таа сигурно своите плакари ги збогатила со уште неколку преубави винтиџ парчиња во кои ќе ја видиме во следниот период.
Нема да ви се верува колку чини трудничката облека што ја носи Aмал Kлуни >>