Стил
Оливија Палермо ни одржа лекција како да носиме парчиња позајмени од машките плакари
Advertisement
Таа е една од нашите омилени модни икони
Advertisement
Познатата американска стилистка и дизајнерка Оливија Палермо со неподнослива леснотија носи неверојатни комбинации. Така беше и овој пат кога во Њујорк се прошета во костум од твид со потписот на модната куќа Chloé.
Advertisement
Модната библија Вог ова издание на познатата трендсетерка го спореди со модните изданија на ликот Ени Хол (1977) која во истоимениот филм на режисерот Вуди Ален ја глумеше познатата американска актерка Дијана Китон.
Оливија костумот со типично машки крој го зачини со женствена цветна вратоврска од Paige Denim, популарната чанта Nile од Chloé и црни високи потпетици.
Па, што велите за ова издание на Оливија?
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement