„Да се познавате себеси е почетокот на целата мудрост“ – животните лекции на Аристотел
„Трпението е горко, но неговите плодови се слатки.“
Аристотел ученикот на Платон и учителот на Александар Македонски бил познат по својата интелигенција, но и по својата мудрост.
„Да се познавате себеси е почетокот на целата мудрост.“
„Обележје на образованиот ум е да биде способен да размислува за некоја идеја, без да ја прифати.“
„Трпението е горко, но неговите плодови се слатки.“
„Задоволството од работата го става совршенството во работата.“
„Токму во нашите најтемни моменти ние мораме да се фокусираме на светлината.“
„За да избегнете критики не кажувајте ништо, не правете ништо и бидете ништо.“
„Не постои голема генијалност без микс на лудило.“
„Тие што знаат – прават. Тие што разбираат – подучуваат.“
„Ние сме тоа што постојано го правиме. Исклучителноста не е чин, туку навика.“
„Ние му се воодушевуваме на човекот кој се лути за вистинските работи и на вистинските луѓе, на вистинскиот начин, во вистинскиот момент и во вистинското времетраење.“
„Не може да направите ништо на овој свет без храброст. Тоа е најдобриот квалитет покрај честа.“
„Младоста лесно може да биде измамена, затоа што е склона кон надевање.“
„Оној кој може да живее сам или е Бог или е ѕвер.“