Еве од каде да си купите евтини парчиња со кои ќе изгледате како Кејт Мидлтон
Кејт Мидлтон важи за модна икона
Многу жени го копираат стилот на Кејт Мидлтон.
Тој е елегантен и покрај дизајнерските парчиња војвотката од Кембриџ многу добро знае да ги внесе и оние од понудата на познатите хај-стрит брендовите во своите модни комбинации. Токму затоа е и една од омилените модни икони на многу девојки ширум светот.
Една од нив е и 29 годишната козметичарка од Англија, која исто така се вика Кејт и која го води блогот „Great RepliKate“ на кој секојдневно објавува реплики на нејзините комбинации.
Како што самата открива посебно го цени нејзиниот стил бидејќи е елегантен и класичен и поскромен од другите славни личности, но ако се прашувате како може да си го дозволи тоа, ви ја откриваме нејзината тајна.
Таа облеката ја пронаоѓа на интернет, односно на EBay, каде може да се купи ваква облека и тоа минимум два пати поевтино.
„EBay и други слични продавници ги проверувам на дневна база, без разлика каде се наоѓам – во кафуле, на автобуска станица и слично “ открива оваа блогерка и додава дека не го следи слепо нејзиниот стил, туку ги купува само оние работи кои и стојат убаво.
Па, дали ви се допаѓаат комбинациите на оваа девојка?
Повеќе фотографии на следната страна >>