Мажите повеќе сакаат жени кои имаат вакви фотографии на Инстаграм и Фејсбук!
Фотографијата на вашиот профил е важна работа!
Секоја фотографија која внимателно е избрана може да ви ги зголеми шансите за љубов, или спротивно, иако на прв поглед ова може да ви звучи плитко. И ова правило важи за сите социјални мрежи и сервиси за запознавање како што се Фејсбук, Инстаграм, Тиндер …
Според едно ново истражување во кое биле прегледани 600 избрани фотографии од корисниците на Тиндер произлегло дека жените кои се користат со следниве формули имаат и повеќе потенцијални партнери во животот.
Важна е локацијата
Сликите кои се направени во ресторан можат да соберат позитивни одговори. Од друга страна пак, автомобилите важат за едни од најлошите места за фотографирање.
Број на личности
Само една личност – вие. Мажите не сакаат да ги гледаат фотографиите на кои сте заокружени со вашите пријатели.
Фокус
Наместо селфи, објавете фотографија од целото тело. Мислам ако сакате да имате поголеми шанси да ви успее планот …
Израз на лицето
Насмеани да ви се гледаат забите. Насмевката е заразна, додека позите со напупчени усни (duck face) и плазење се одлична формула за одбивање
Облека
Треба да сте облечени формално или кежуал, и тие фотографии се многу подобри од оние на кои сте во бикини или оскудни комбинации за излегување, и покрај мислењето дека тие подобро проаѓаат кај претставниците на посилниот пол.