Цитати за мајките кои ќе ви покажат дека тие се најважната личност во вашиот живот
Мајката е личност која не може никој да ја замени.
Мајката е личност која не може никој да ја замени. Тие ќе ве сакаат, почитуваат и ќе ви простуваат сé до крајот на својот живот. Погледнете ги овие прекрасни цитати наменети за нив, кои ќе ве мотивираат уште веднаш да истрчате и да ја прегрнете својата мајка.
„Мајката е личност која ќе види дека кога останале само четири парчиња пица за пет луѓе, ќе ви каже дека никогаш не сакала пица“, Тенева Џордан
„Да се биде мајка со цело работно време е една од најдобрите платени работи во светот. Имајќи предвид дека платата е чиста љубов“, Милдред Вермонт
„Мајките се раѓаат во истиот момент како и децата. Тие не постоеле претходно. Жена постоела, но мајка никогаш. Мајката е нешто потполно ново“, Рајнеш
„Мајките никогаш не се сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да размислува два пати, еднаш за себе и еднаш за своето дете“, Софија Лорен
„Мајката го разбира она што детето не го изговорило“, непознат автор
„Мажот својата девојка ја сака најмногу, својата сопруга најдобро, а својата мајка најдолго во животот“, позната ирска изрека
„Никогаш не мажете се за човек кој ја мрази својата мајка. На крајот може да се случи да ве замрази и вас“, Џил Бенет
„Од сите права кои ги имаат жените, најдобро е тоа што може да бидат мајки“, Лин Јутанг
„Бог не може да биде секаде, па затоа ги создал мајките“, непознат автор
„На светот постои само едно убаво дете и го има секоја мајка“, кинеска поговорка