Топ модел за преодниот период
Време е да ги оставите длабоките чизми за некои „подобри“ времиња и да запловите во новата сезона. Но секако дека се уште не е доволно топло за сандали и голи прстиња, а од патиките, кои сега можете да ги носите како никогаш досега, веќе ви е преку глава.
Новите модели на чевли со блок потпетици >>
Но не очајувајте поради ова. Денес ќе ви претставиме еден модел кој е популарен и кој е како создаден за преодниот период. Станува збор за таканаречените „slingback“ чевли, кои се со отворена пета и популарни најмногу благодарение на модната куќа Диор.
Zara
По нивниот црн модел зачинет со бели ленти полудеа трендсетерките од целиот свет, па така набргу почнаа да се појавуваат и по излозите на многу поефтини брендови кои многу слични модели понудија и во своите пролетни колекции. Можете да ги носите со фустани и здолништа, или пак со вашите омилени килоти, но и во крајно шик комбинации со фармерки, особено со непорабени модели и они кои се со кратки ногавици.
Можеби не ви се допаѓаат, но тие се едни од најпопуларните обувки за оваа сезона >>
Па наместо сандали изберете еден ваков тренди модел и пречекорете опуштено и како вистинска ИТ девојка во новата пролетна сезона.
Премини на следната страна и погледни уште неколку интересни модели од најпознатите комерцијални брендови во Македонија >>