Иако многумина веруваат дека е нормално да имаат ладни раце, лекарите предупредуваат дека не е секогаш така, односно, дека тоа може да биде знак на здравствен проблем.
Иако многумина веруваат дека е нормално да имаат ладни раце, лекарите предупредуваат дека не е секогаш така, односно, дека тоа може да биде знак на здравствен проблем. Како што опаѓа надворешната температура, нормално е рацете да ви стануваат поладни. Намалувањето на циркулацијата е начин на кој телото ја одржува топлината.
Сепак, на ладните раце треба да обрнете внимание затоа што тоа може да биде симптом на некои здравствени проблеми.
Најчести болести поврзани со ладните раце се анемија, дијабетес, периферна артериска болест и некои други тегоби кои може да ја намалат циркулацијата на крвта.
Лекарот може да го идентификува вашиот проблем и да ви предложи лечење. Постојано ладните раце и стапала може да бидат и реакција на некои лекови.
Еве во кои случаи треба да се јавите на лекар:
– Постојано ладни раце и стапала
– Промена во бојата на кожата
– Трпнење
– Чирови
– Премногу затегната кожа