Човечко однесување: 2 причини зошто мачките постојано се чистат меѓусебно
Претпоставуваме дека и вие сакате мачки како и ние, но дали сте знаеле дека тие се многу чисти и дека се чистат и по неколку пати на ден.
Мачките се познати по тоа што се многу чисти и се чистат дури и по неколку пати во текот на денот. Но, тие се склони и кон уште едно интересно однесување – меѓусебно чистење. Зошто мачките се лижат една со друга, дознајте во продолжение.
1. Покажуваат љубов
Уредувањето на влакната мачките го доживуваат како забава. Тие може да поминат чистејќи се себе и една со друга. На тој начин тие покажуваат љубов и поврзаност. Од таа причина понекогаш ги „средуваат“ и своите сопственици.
2. Достигнуваат тешко достапни места
Една мачка ќе ја чисти другата мачка за да ѝ помогне да ги исчисти своите делови од телото кои самата не може да ги достигне, како што е задниот дел на главата, но и лицето. Исто така мачките меѓусебно ги чистат и ушите, како внатре, така и надвор.