Мали козметички трикови кои даваат големи резултати
Убавината и негата се најважни работи речиси за секоја жена и никогаш не е доволно од новите совети и методи за разубавување.
Убавината и негата се најважни работи речиси за секоја жена и никогаш не е доволно од новите совети и методи за разубавување. Токму затоа денес ви прикажуваме неколку корисни трикови за шминкање.
Задржете ја сенката на очите
Поради масната кожа на капаците на очите, ризикувате да ви се размачка сенката, а за да го спречите тоа, пред да ја нанесете, избришете ги капаците со влажни марамчиња за отстранување шминка.
За топол поглед
Во внатрешните агли на горните капаци нанесете малку сенка во златна боја. Таа ќе му даде топлина и отвореност на вашиот поглед.
3 топ совети за како да се нашминкате пред фотографирање >>
Свежи усни
Нанесете тенок слој вазелин и оставете го десет минути да стои, па потоа нанесете го омилениот кармин. Оваа постапка е идеална за отстранување на мртвите клетки, после што кожата останува нежна и мека.
Продолжување на траењето на карминот
За карминот да ви се задржи што подолго, најпрво нанесете дебел слој балсам и оставете да се впие. После десет минути, отстранете го вишокот и нанесете кармин.