Што повеќе се обидувам, толку подобро ми оди
Овие реченици секојдневно си ги зборуваат на себеси интелигентните луѓе.
Ако никој не сака да го направи тоа, тогаш јас ќе го направам
Најдобриот начин да се истакнете е да направите нешто што никој друг не сака, затоа што тоа е премногу тешко. На овој начин исто така се стекнувате со вредно знаење.
Помалку зборување, повеќе работа
Луѓето кои зборуваат многу за нивните успеси, всушност се залажуваат мислејќи дека тоа ги прави поуспешни. Подобро е да се работи без премногу бучава и тогаш дозволете зборовите да говорат наместо вас.
Сега ќе видиш!
Понекогаш само лутината нé мотивира на работа. Можеби тоа е детинесто, но тоа е едноставно така.
Секогаш може да биде подобро
Ако сте направиле нешто добро, не престанувајте. Секогаш треба да се размислува за тоа како нешто може да биде уште подобро.
Што повеќе се обидувам, толку подобро ми оди
Често можеме да откриеме дека не сме премногу талентирани во многу области. Но, не секогаш се работи за талентот. Макотрпната работа кога-тогаш ќе резултира со успех.