Писмо до фраерот кој само ме искористи: „Ме соблекуваше толку бавно и постојано ми зборуваше колку сум убава.“
Јас сум девојката чие срце е преголемо за да не биде скршено.
Се запознавме толку неочекувано.. станавме многу добри другари, по некое време дознав дека сум му се свиѓала, дека многу често мислел на мене, дека сум девојка која го смее и дека би имал со мене нешто повеќе од другарство… Но, испадна нешто сосема спротивно.
До дечкото:
За дечкото кој толку бавно и страсно ме бакнуваше што речиси и не можев да дишам.
За дечкото кој ме носеше до неговата спална и кој ми шепотеше на уво дека сум првата девојка која ја донел во неговиот стан.
За дечкото кој ме соблекуваше толку бавно и кој ми зборуваше колку сум убава.
За дечкото на чии гради го положив мојот образ додека се смеевме и кикотевме во кревет.
За дечкото кој мислев дека е поинаков.
За дечкото кој потоа исчезна и од кого веќе никогаш, ама баш никогаш не чув ни збор…
Повредената девојка:
Јас сум девојката чиј ум почна да паничи кога отидовме во спалната.
Јас сум девојката која сама си замина дома.
Јас сум девојката која седеше под топол туш, плачејќи.
Јас сум девојката која со денови постојано го проверуваше својот телефон.
Јас сум девојката чие срце е преголемо за да не биде скршено.
Јас сум девојката која не ја заслужуваш.