Три работи кои треба да ги знаете за пудрите наменети за сува кожа
Пудрите за сува кожа имаат специфични формули чија задача, помеѓу другото, е да ја негуваат и да ја хранат кожата.
Пудрите за сува кожа имаат специфични формули чија задача, помеѓу другото, е да ја негуваат и да ја хранат кожата. Така, често во нивната содржина може да се најдат хранливи состојки кои нема да ја иритираат чувствителната кожа и ќе помогнат при нејзино хидрирање. Па, погледнете ги овие три работи кои треба да ги знаете за пудрите наменети за сува кожа.
Производ на неделата – Wonderlight Serum Make up >>
1. Дневната и ноќна нега на лицето треба што подобро да ѝ одговараат на вашата кожа, затоа што негуваниот тен помага пудрата беспрекорно да се впие во кожата. Потпирајте се на масни кремови и серуми богати со маслиново или јојоба масло.
2. Течните пудри и ББ кремовите се најдобра опција за сув тип кожа. Течната пудра е одличен избор за оние кои сакаат поголема покриеност на лицето, додека кон ББ крем посегнуваат оние кои сакаат блага замена за пудра.
3. Камената пудра не е добар избор кога е во прашање сувата кожа, затоа што дополнително ги нагласува дехидрираните области.