Околу 10% од жените патат од недостаток на железо во организмот, а тоа најмногу ги погодува оние кои се многу физички активни.
Околу 10% од жените патат од недостаток на железо во организмот, а тоа најмногу ги погодува оние кои се многу физички активни. Ако сакате да знаете дали вашиот организам има доволно од овој минерал, тогаш послушајте ги сигналите кои ви ги испраќа вашето тело. Еве кои се десетте најчести симптоми.
1. Замор
Телото го користи железото за да произведе хемоглобин, кој се наоѓа во црвените крвни зрнца и кој пренeсува кислород. Намалувањето на кислород во крвта најчесто доведува до чувство на постојан замор.
2. Лоша концентрација
Ако забележите дека вашата концентрација е исклучително лоша, тогаш причината може да биде намалувањето на железо.
Зелената глина прочистува од отрови и лекува многу болести – еве како треба да се користи >>
3. Апатија
Апатија кон сѐ, кон семејството, пријателите, работата или омиленото хоби, исто така може да биде предизвикана од недостаток на железо во организмот. Доколку забележите дека вашето расположение се променило, тогаш проверете си ја крвната слика.
4. Потешко земање здив
Ако во текот на одењето или извршувањето некои тешки задачи многу брзо и одеднаш останувате без здив, тогаш причина за тоа може да биде недостатокот на овој важен минерал.
5. Бледило на кожата
Бледата и проѕирна кожа може да биде показател за намалено железо, што никако не е добар знак.
6. Намалена енергија и кондиција
Ако сте личност која редовно практикува физичка активност, сигурно ќе забележите доколку вообичаените вежби ви станат пренапорни. Намалувањето на железото ја намалува физичката способност и издржливост на организмот.
7. Болки во мускулите
Ако после тренирањето или долго одење секогаш чувствувате силни болки во мускулите, а не сте работеле ништо поинаку од вообичаено, тогаш вашето тело може ви препорачува дека му фали железо.
Лек за сите видови на цисти, респираторни и малигни заболувања >>
8. Кревки нокти
Ако вашите нокти не се цврсти како претходно, постои можност причината за тоа да е токму намаленото железо.
9. Чести болести
Ако речиси цела зима сте ја поминале со настинки и воспаленија, а особено ако секогаш патите од болести на дишните патишта, тогаш причина за тоа може да биде ниското ниво на железо во организмот.
10. Бојата на урината
Доколку во текот на мокрењето забележите значајна промена на бојата на урината, тогаш време е да побарате помош. Поради помалку железо таа ќе добие розова, па дури и црвена боја.
Ги топи килограмите и чува од рак – постот е најдобра диета >>