Што е банана пунџа и зошто сите лудуваат за неа?
По оваа пунџа полудеа Французинките, но дефинитивно нема да останете рамнодушни и вие.
По оваа пунџа полудеа Французинките, но дефинитивно нема да останете рамнодушни и вие. Се прашувате за што се работи? Па, заборавете на уредните и залижани високи пунџи или пак оние кои ги носите на средина и оваа пролет одлучете се за нешто ниско, лабаво и неуредно.
Со други зборови, кај овие пунџи не постои никаква специфична структура, па нема потреба да стравувате дали ќе сретнете девојка со иста фризура. Доволно е да ја заврзите пунџата по ваша желба, а потоа да ставите и некој моден додаток за коса.
Но, има едно важно правило кое подразбира распуштање неколку прамени на предниот дел, затоа што токму тие ѝ го даваат совршениот изглед на оваа фризура. Исто така ви предлагаме да користите малку лак или гел, за да се осигурите дека пунџата ќе ви остане на место. Оваа фризура е идеална за која било прилика.
Прекрасни бои за коса кои ќе ве инспирираат да направите промена во вашиот имиџ >>