Пролета пристигна, а ние веќе размислуваме за годишните одмори …
Но не сме единствените, нели?
Размислуваме за сонцето, морето и убавите долги прошетки покрај некој кеј, на некое туристичко место, но и за гувеењето на некоја егзотична плажа преполна со убави момци и девојки. И секогаш кога ќе почнеме да размислуваме за овие убави моменти од животот, тоа е знак дека е време да ѕирнеме во продавниците и да ги побараме новите костими за капење бидејќи тие најверојатно веќе ги истакнале своите модели.
Овој пат решивме тоа најпрво да го направиме во продавниците на хај-стрит брендот Бершка кои веќе одлучија да ги претстават новите костими за капење.
И по она што го видовме на нивните полици, во нивната колекција доминираат силни бои, најразлични кроеви и геометриски дезени како и неодоливите врвки кои истовремено се и секси и симпатични, без разлика дали станува збор за едноделни или дводелни модели.
Па, погледнете ги новите костими за капење од познатиот шпански бренд Бершка и одберете го вашиот фаворит.
види повеќе » |