Постењето го намалува ризикот за добивање срцеви болести, но и болестите како што се дијабетес и рак, тврди најновото истражување.
Истражувачите од УКЛА Институтот за долговечност побараа од луѓето да го ограничат внесот на калории во текот на една работна недела месечно во траење од 3 месеци.
Оваа диета, осмислена е да ги имитира резултатите од пост само на вода, им дозволи на луѓето да конзумираа меѓу 750 и 1.100 калории дневно.
До крајот на тестот, лицата кои биле на оваа „диета која имитира пост“ имале понизок крвен притисок, постабилно ниво на ѓеќер во организмот и подобро ниво на холестерол отколку оние кои не биле на диета, а изгубиле и 3 килограми во текот на петдневниот период.
Резултатите на нашето истражување покажаа дека луѓето може да почуствуваат бројни позитивни здравствени ефекти со помош на периодичниот пост или диетата која го имитира, тврди д-р Валтер Лонго од овој институт.