Ова е еден од нашите омилени трендови
Како и популарните чокер огрлици, папучите со пердуви, големите обетки, трегерите и тексасните фустани, оваа пролет во мода ќе биде и оваа по малку необична комбинација. Станува збор за носење фармерки и долги фустани, тренд кој потсетува на некои стари времиња и за кој навистина треба да имате храброст да го носите иако досега можевме да видиме многу познати блогерки, модели и модни уреднички како го фураат истиот.
Можат да си купат што сакаат, но го избираат овој материјал. И изгледаат феноменално во него >>
Но ако сакате да се прошетата во оваа комбинација не заборавајте го следново правило. Вашиот фустан мора да има длабок и лежерен прорез и да не е долг до подот, а што се однесува до фармерките најдобро е да изберете модел со нормални ногавици, кои можете и лежерно да ги подвиткате, бидејќи подобро ќе изгледате во таква комбинација, особено оваа пролет кога се во мода карнери, реси и непорабените асиметрични ногавици
Фустаните треба да бидат лелеави и разиграни, а како би можеле да изгледаат вашите стајлинзи погледнете во продолжение.
Скинати фармерки што ги обожаваат девојките од целиот свет >>
Па, дали би го носеле овој тренд?
Одвратни се – најбизарните фармерки што сме ги виделе досега >>