Таа го прослави 41 роденден, а многумина сметаат дека е поубава од нејзината 17-годишна ќерка
Симпатичната актерка воглавно ја памтиме по романтичните комедии како што се „Русокосата од Харвард“ и „Ова е војна“, но и како русокоса девојка која се покажа како одлична актерка и во сериозни улоги.
Нејзиното вистинско име е Лаура Џејн
Дури потоа доаѓа она Рис, бидејќи оваа русокоса американска актерка ја знаете како Рис Витерспун. А познатата холивудска миленичка, девовиве го прослави својот 41 роденден иако ако го земете предвид нејзиниот изглед, сигурни сме дека и вие не би и дале толку години.
Таа од првиот брак со убавиот актер Рајан Филип има 17 годишна ќерка Ава и 14 годишен син Декон но убавата ќерка сега изгледа како помлада сестра па неретко може да се слушне и како Рис изгледа дури и многу подобро од Ава. Како и да е, Ава е слика и прилика на нејзината мајка и татко Рајан, а со мајка и има многу близок однос и ден денес. Токму поради тоа многу често можеме да ги видиме заедно на црвениот килим.
Инаку, познатата актерка која воглавно ја памтиме по улогите во романтични комедии, во моментов можеме да ја следиме на серијата „Big Little Lies“ која оди на каналот на HBO а која го следи животот на три жени кои се борат со секојдневните семејни проблеми.
Па, дали на оваа жена би и дале толку години?